Авалон продукција

Ал Ди Меола ќе ги свири „Битлси“ и Пјацола во Македонската опера и балет

Еден од најголемите и најнаградувани светски гитаристи на сите времиња, по пауза од речиси 10 години, повторно се враќа во Скопје, со два ексклузивни концерта во една вечер (од 20 и од 22 часот), на 25 ноември во Македонската опера и балет, соопштија од „Авалон Продукција“.

Гитаристот Ал Ди Меола ќе настапи со многу специфична програма, со музика на „Битлси“, Пјацола, како и негови авторски песни. Пошироката светска јавност го запозна Ал Ди Меола вo 1970-те години, како гитарист во џез-фјужн составот „Return to forever“, во кој членуваат клавијатуристот Чик Кореа, басистот Стенли Кларк и тапанарот Лени Вајт. За тоа време, додека тој е член во „Return to Forever“, составот објави три албуми. Но, кон крајот на 1970-те години, музичарот одлучува да прави соло-кариера и до денес има објавено 24 албуми, освоено многу значајни награди и продадени над 10 милиони копии од своите изданија.

Освен со Кларк и Кореа, Ал Ди Меола е познат и по соработката со колегите Пако Де Лусија и Џон Меклафлин, кои во јавноста беа познати под името „гитарско супер трио“. Долгата листа на соработници на Ал Ди Меола вклучува имиња како Пол Сајмон, Фил Колинс, Лучано Павароти, Карлос Сантана, Џими Пејџ, Френк Запа и многу други.

Влезниците се пуштени во продажба од 9-ти октомври, по цени од 1.500 и од 2.000 денари, известија од „Авалон Продукција“.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе