Јубилеј

АКУД „Мирче Ацев“ ќе одбележи 70 години од своето постоење

Со концeрт на фолклорниот и хорскиот ансамбл, Aкадемското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев" денеска ќе одбележи 70 години од своето постоење.

Друштвото ќе одржи целовечерен свечен концерт, кој веќе посетителите секоја година го очекуваат, поради својата долгогодишна традиција што се покажа како манифестација која заслужува почит во месецот кој изобилува со настани од културата.

На концертот ќе настапи и народниот оркестар на „Мирче Ацев“, а солистка ќе биде познатата пејачка Елена Петреска.

Во текот на следниот период предвидени се голем број настапи и концерти, а во летниот период, пак, во план е и одржување на 40-то издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе