Ајварленд во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана

Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана се одржа „AjvarLand & Life & Lule ft Bale“.

Според директорот на КИЦ – Тирана, Златко Ориѓански во пријателска атмосфера се измешаа македонската и албанската музика, а во просторот, многубројната публика уживаше во изложбата на уметникот Абдурахим Сулимани (Џими), пренесува електронското издание на весникот „Илинден“.

Тој оценува дека дипломатските и културните врски меѓу нашата земја и Албанија се продлабочуваат со директно учество на градот Тирана и на многу албански уметници во активностите на Културно-информативниот центар, каде што се промовира македонската традиционална и современа уметничка сцена. 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе