40 Скопски џез фестивал – за јубилејот со богата и силна програма

Годинешниот 40. Скопски џез фестивал ќе се одржи од 20-24 октомври. И покрај евидентните предизвици, подготовката на програмата го имаше императивот за сочувување на високиот интернационален карактер на фестивалот и традицијата тој да го нуди најдоброто од џезот и импровизираната музика. Единаесет познати изведувачки имиња од САД, Куба, Европа и Македонија ќе одржат концерти во живо во салите на Националната опера и балет и Младинскиот културен центар.

Фестивалот ќе го отвори супер-херојот на скандинавската џез сцена Матс Густафсон со свој специјален соло рецитал на саксофони. Од САД ни доаѓа квартетот на новата голема ѕвезда на џезот, басистката Линда Меј Хан О, како и култната музичарка, поетеса, активистка и ем-си Мур Мадер, во придружба на легендарниот перкусионист од „Арт ансамбл оф Чикаго“ Дуду Којате и Матс Густафсон. Од Данска, САД и Шпанија ни гостува квартетот на извонредниот гитарист Јакоб Бро, од Португалија многубројниот Лисабонскиот андерграунд музички ансамбл Л.У.М.Е., од  Грција триото на исклучителната џез-пијанистка Тања Џанули, а од Австрија експлозивните Шејк Сту. Еден од ексклузивитетите на јубилејното издание на Скопскиот џез фестивал е специјалниот проект „Ну мјузик 4“ посветен на џез-легендата Дон Чери, со Кристер Ботен, Горан Кајфеш, Матс Густафсон и Окај Темиз, како и настапот на проширениот ансамбл на нашиот композитор и мултиинструменталист Јордан Костов. Фестивалот ќе го заокружи концертот на славниот кубански пијанист Роберто Фонсека и неговото трио.

Придружната програма на фестивалот годинава опфаќа изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал под наслов „Complicate Simply!”, потоа премиерно прикажување на две значајни документарни филмски остварувања: „Aretha Franklin: Amazing Grace“ и „Blue Note: Beyond the Notes”, како и настап на најпознатиот албански џез состав во моментов - AJS Quartet.  Во рамките на фестивалот ќе бидат промовирани две нови ЦД-изданија на SJF Records - најновите албумски објави на Јордан Костов ансамбл и Светлост + одрон ритуал оркестра, а ќе биде доделена и веќе традиционалната Награда за најдобар млад џез-музичар во 2021 година.

ПРОГРАМА

20 октомври

Национална опера и балет

20:00 MATS GUSTAFSSON (Шведска)

22:00 LINDA MAY HAN OH QUARTET (САД)

21 октомври

МКЦ - Кино Фросина

18:00 BLUE NOTE RECORDS: BEYOND THE NOTES (документарен филм)

Национална опера и балет:

20:00 TANIA GIANNOULI TRIO (Грција)

22:00 JAKOB BRO QUARTET feat. Mark Turner, Jorge Rossy

& Thomas Morgan (Данска/САД/Шпанија)

22 октомври

Национална опера и балет

20:00 YORDAN KOSTOV ENSEMBLE (Македонија)

22:00 L.U.M.E. (Португалија)

МКЦ - Дансинг Сала

24:00 MOOR MOTHER with Dudù Kouate & Mats Gustafsson

(САД/Шведска)

23 октомври

МКЦ - Кино Фросина

18:00 ARETHA FRANKLIN: AMAZING GRACE (документарен филм)

Национална опера и балет

20:00 SHAKE STEW (Австрија)

21:30 NU MUSIC 4 feat. Christer Bothén, Goran Kajfeš,

Mats Gustafsson & Okay Temiz (Шведска/Турција)

24 октомври

МКЦ - Кино Фросина

16:00 Промоција на две нови ЦД изданија:

Yordan Kostov Ensemble / Svetlost + Odron Ritual Orchestra

17:00 Награда за најдобар млад македонски џез музичар + концерт

18:00 AJS QUARTET (Албанија)

Национална опера и балет

20:00 ROBERTO FONSECA TRIO (Куба)

Програма плус

18 октомври

МКЦ - Галерија

19:00 „Complicate Simply“ - отворање изложба

на плакати на Скопскиот џез фестивал

МКЦ - Кино Фросина

20:00 ARETHA FRANKLIN: AMAZING GRACE

(документарен филм, премиера)

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе