40 години од „Серенада“, промовирана монографија за тетовската музичка група

Во Тетово вечерва беше промовирана монографијата „Серенада-музичка метафора“ од Диме Оклевски-Окле, посветена на 40 години од формирање и творештво на тетовскиот музички состав Серенада. Авторот е воедно и еден од членовите кои четири децении е дел дод групата.

„Од маалско дружење настана Серенада. Ние се собиравме во маалото и пеевме навечер кај професорот по музика, Андро Апостолски. Некој од соседите му рекол прибери ги децата во хор, не можеме да спиеме навечер, затоа што до доцна сме пееле. Така и тој не повика во друштвото „Иљо Антески-Смок“ каде членувавме во пејачка секција, хорот и во музичката група. Така почнавме, а најзначајното за Серенада е што ја негуваше и зачува тетовската страоградска песна“, изјави авторот.

Монографијата има 104 страници, а изработени се и два видео записи со фестивалски и староградски песни.

„Значајно за монографијата е што има и историски информации за музичките групи во Тетово изминатите децении, кои настапувале паралелно со нас, голем број се застапени со слика и податоци“, рече Оклевски.

На промоцијата зборуваше и писателот Јован Дамјановски, а беа изведени најпознатите песни на Серенада.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе