30 години Канал 103

Музичкото радио Канал 103 ја најави својата целовечерна роденденска прослава за в петок на платото кај МКЦ со почеток во 18 часот.

Во духот на програмската ориентација на радиото кое ја поддржува и промовира храбрата и независна музичка сцена, богатото фестивалското мени содржи жанровски разновидна понуда со строго контролирано органско потекло.

Настапуваат: LELEE (Словенија), Shock Troopers, Перија, Светлост, Тодор Караколев, Lufthansa и Blaž (Словенија). 

Фестивалот ќе започне со промоција на „Момент документ“, фото-монографија на Зденко Петровски во издание на МКЦ, проследено со придружна изложба на негови фотографии.

Билетите во строго ограничен број се достапни на билетарницата на МКЦ и на следниот линк.

По интимниот концерт на Крсте Роџевски во Куршумли Ан и редовните „103 средби низ музика“ во клубот Ла Кања, со овој фестивал се заокружува одбележувањето на големиот јубилеј - 30 години Канал 103.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе