Музика

Оваа сабота, на 29 февруари во Камерната сала на Филхармонија во 20 часот, концерт ќе има извонредното француско трио „Ана Кап“, заедно со македонскиот диригент и композитор Џијан Емин, како и со Гудачки квартет во состав: Марија Трајковска – виолина, Бојан Илкоски – виолина, Оливие Самуилан – виола (Франција) и Марија Михајловска – виолончело.

26 Февруари 2020 - 14:18

„Почина легендарниот пеач на македонската музика“ е само дел од насловите во Блиц, Ало, Новости, Курир, Мондо и други српски медиуми за веста за смртта на Ѓорѓи Желчевски денеска во Белград.

25 Февруари 2020 - 07:07

„Златните раце на Фре“ е насловен концертот на оркестарот на Филхармонија кој ќе се одржи в четврток во 20 часот. Како солист ќе настапи исклучителниот француски пијанист Давид Фре, а диригент е Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Фредерик Шопен и Втората симфонија од Роберт Шуман.

24 Февруари 2020 - 16:05

Кавалџијата Ангеле Димовски, еден од најпознатите во традицијата на македонската музика, е овогодишен добитник на Златна бубамара за животно дело.

21 Февруари 2020 - 13:34

 На сцената на Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена операта „Макбет“ на Верди според трагедијата на Шекспир. Режисер е Марко Спада од Италија, а диригент Шпанецот Диего Гарсија Родригез.

21 Февруари 2020 - 09:23

Бајка“ е насловен концертот кој оркестарот на Филхармонија ќе го одржи задутревечер, на кој солистка ќе биде американска виолинистка Естер Ју, а диригент е Чарлс Оливиери Мунро од Малта. На програмата се Концертот за виолина и оркестар од Глазунов, симфониската поема „Кампот на Валенштајн“ од Сметана и симфониската суита „Бајка“ од Ј.Сук.

18 Февруари 2020 - 08:41

По повод празникот Сретение Господово, Ден на Државноста на Република Србија, вечер во Македонскиот народен театар ќе се одржи манифестацијата „Уна сага сербика“ на која ќе настапи и истоименит атрактивен танцов ансамбл.

16 Февруари 2020 - 09:03

Неконвенционалниот музички состав од Франција „Ана Кап трио“ вечер од 20 часот ќе настапи во камерната сала на Филхармонијата со своето возбудливо „Траума шоу“.

15 Февруари 2020 - 09:13

Светскиот рок бенд Плацебо доаѓаат на возобновениот рок настан Скопје гори фестивал со ексклузивно шоу во регионот.

13 Февруари 2020 - 12:35

Музичкиот проект „Македонисимо" на Симон Трпчески и пријателите има азиска премиера на три концерти во Јужна Кореја, информира КултурОп.

12 Февруари 2020 - 13:27

На концертот на „Чепкало“, музичка група од Грција, кој вчера се одржа во Јавна соба во Скопје не ни требаше преведувач, не ни требаше идентификација, не ни требаше никаква одредница... ни требаше само добра волја и убава мисла. Хриса, Катерина, Mирто и Коста со преработките на македонски и грчки народни песни од „северозападна Грција и пошироко“ ни покажаа што значи „љубов насекаде и слобода“.

09 Февруари 2020 - 10:26

Најпопуларниот и најпродаван женски гудачки квартет на сите времиња Бонд (BOND) доаѓа за првпат во Скопје со гала концерт, на 20-ти март во Македонската филхармонија.

05 Февруари 2020 - 20:37

Речиси се распродадени билетите за престојните два концерти на оркестарот на Филхармонија. Првиот е „Штурецот и мравката" наменет за најмладите кој ќе се одржи на 8 февруари (сабота) во 12 часот. Станува збор за уште еден, премиерен детски концерт кој Филхармонија го реализира во соработка со НЛБ. Диригент е Елена Митревска, аниматор е Мартин Јорданоски, а на програмата се дела од Монти, Пахелбел, Штраус, Бернштајн, Сен-Санс, Елгар, Моцарт...

04 Февруари 2020 - 10:57

Културно уметничкото друштво „Брвеница" од истоименото тетовско село со традиционален годишен концерт вечерва го одбележа празникот Свети Атанасиј. Покрај домаќините во спортската сала на ОУ „Коста Рацин" настапија фолклорните ансамбли „Китка" од Ораовица и „Млади Подарешани" од Подареш, КУД „Младост" од Кичево како и неколкумина естрадни уметници.

01 Февруари 2020 - 19:44

„Виолински класици“ е насловен концертот на оркестарот на Филхармонија кој ќе се одржи в четврток во 20 часот. Како солист ќе настапи виолинистот Александар Димчевски, а диригент е Румон Гамба од Велика Британија. На програмата се увертирата „Земја на планина и поплава“ од Хамиш Меккан, Концертот за виолина и оркестар од Макс Брух и Симфонијата број 7 од Антонин Дворжак.

27 Јануари 2020 - 20:21

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе