На 21. јануари

МНТ со „Галеб" гостува на фестивал во Пекинг

„Средба во Пекинг" е меѓу најголемите уметнички фестивали во Кина.

Македонскиот народен театар со претставата „Галеб" од Чехов во режија на Нина Николиќ на 21 јануари ќе учествува на 20-тиот уметнички фестивал „Средба во Пекинг", кој го организираат Министерството за култура и туризам на Кина, градот Пекинг, Националната радио-телевизија и Здружението за уметност и забава во Кина. 

Во претставата играат: Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Дамјан Цветановски, Сашка Димитровска, Тина Трпкоска, Славиша Кајевски и Аксел Мехмед.

„Средба во Пекинг" е меѓу најголемите уметнички фестивали во Кина, кој на програмата има претстави, изложби, концерти, танци, настапи на отворено и активности за едукација за уметноста. Се одржува од 2000 година со учество на уметници од повеќе од сто земји.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе