„Мироносно цвеќе за пријателство“, онлајн изложба на Живко Поповски – Цветин

Сликарот и хуманист Живко Поповски – Цветин ги повика сите оние кои имаат негова слика, до 9 јануари да се фотографираат на улица „Македонија“ или дома, и со тоа да учествуваат на онлајн изложба на пријателството насловена „Цвеќето на мирот".

Во Спомен куќата „Мајка Тереза“, по повод Светскиот ден на УНИЦЕФ и Светскиот ден на планините Цветин вчера ја отвори изложбата „Мироносно цвеќе за пријателство“ и ги додели Цветиновите награди за мир. Изложбата е во организација на Здружението на просветни работници на Град Скопје.

„Со изложбата и наградите за мир ја продолжувам мојата мисија за ширење на пријателството, соживотот, мирот и толеранцијата. Живееме во време со предизвици и затоа, неопходно е сите да се почитуваме и да го шириме доброто“, рече Поповски-Цветин.

Тој ги додели и Цветиновите награди за мир на личности кои му помогнале во ширење на неговата мисија во изминатите 36 години.

Оваа година, добитници на наградата се универзитетските професори Јелица и Атанас Николовски во знак на почит и благодарност за ширење на пораката за мир, соживот, толеранција, разбирање и пријателство меѓу учениците и децата од детските градинки. Добитник е и Бистрица Миркуловска, писател, преведувач и автор на романот „Цвеќе на мирот" и учесник во Карванот на мирот низ основните училишта во земјава и Гордана Марковска Угриновска, ќерка на првата учителка на Цветин во селото Брезово пред 70 години, која учествувала во многу настани во училиштето „Елпида Караманди“ и ги искачила мироносните цвеќиња на Пелистер и на други планински врвови. Цветиновата награда за мир ја добиваат уште и универзитетските професори Миле Димитровски и Милорад Јовановски, како хуманисти и членови на Лајонс клубот „Вардар“.

Досега наградата ја добиле шаховскиот мајстор Димитар Илиевски, со кого Цветин се дружи половина век, потоа дневниот весник „Нова Македонија“, историчарот на уметноста д-р Коста Балабанов, универзитетскиот професор и филозоф Ферид Мухиќ, д-р Боро Ристески – хуманист, Жељка Бургунд, претседател на организацијата ФИЦЕ Србија, академскиот сликар Ставре Димитров – Стадим, Славко Кртевски, писател, поет, драматург, новинар и актуелен член на Лајонс клуб Вардар и многу други познати личности.

 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе