Министерството за култура го објави Конкурсот за Биеналето на архитектурата во Венеција во 2023 година

Од денеска до 22 септември трае Конкурсот за учество на Македонија на 18. Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2023 година, во организација на Венециското биенале што го објави Министерството за култура.

Право на учество на Конкурсот имаат правни лица кои аплицираат со проекти во една од следниве категории: самостојна изложба/проект на архитект; изложба/проект на група архитекти. Под правни лица се подразбираат установи од областа на културата (национални, локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации и други правни лица регистрирани за вршење дејност од областа на културата/архитектурата.

Како што соопштија од Министерството за култура, селекцијата на проектите ќе се врши во согласност со исполнетите приоритети и услови и оценките од евалуацијата на квалитетот на проектите.

Интернационалната изложба на архитектурата во Венеција ќе се одржи од 20 мај до 26 ноември 2023 година, на темата „Лабораторија на иднината“ зададена од кураторката на изложбата, Лесли Локо.

„Архитектите имаат единствена можност да создадат амбициозни и креативни идеи кои ни помагаат да замислиме заедничка, поправедна и оптимистичка иднина“, вели архитектката и новелистка Лесли Локо, се наведува во соопштението.

Темата ги провоцира архитектите да замислат дека Венециското биенале е само по себе еден вид лабораторија на иднината, време и простор во кој се поставуваат прашања за релевантноста на дисциплината за овој свет и за светот што доаѓа. Денес зборот „лабораторија“ е општо поврзан со научното експериментирање и евоцира слики од одреден тип соба или зграда. Лесли, исто така, демонстрира решителност и храброст во користењето на два злоупотребени, но незаменливи зборови во нејзиниот наслов – лабораторија и иднина – за да ја врати целосната важност на нивното значење.

 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе