Министерството за култура даде нов рок за некомплетните пријави

На субјектите кои се пријавиле на годишните конкурси за поддршка на проекти од културата без целосна документација, во согласност со Законот за општата управна постапка им се дава  можност во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација за пријавите што имале формални недостатоци.

Министерството за култура соопшти дека ова вчера го договориле  премиерот Зоран Заев и министерот за култура Асаф Адеми по реакциите и незадоволството од резултатите на Годишната програма, усогласувајќи го ставот, комисиите по дејности да ги преиспитаат одбиените пријави.

„Дополнително појаснување на доставената пријава може да се побара само за проектите за кои стручната комисија оценила дека се во функција на развој, афирмација и промоција на културата во Република Северна Македонија и кои имаат предуслови да бидат избрани за проекти од национален интерес во културата за 2019 година”, соопшти Министерството за култура.

Во соопштението се додава дека Заев и Адеми се за дијалог со претставниците од културата, па министерот за култура ќе ги покани сите апликанти кои имаа забелешки на состаноци во министерството за да се дефинираат чекори со кои во иднина би се избегнале недоразбирања или недостатоци при јавните конкурси.

Министерството за култура додава и дека во поодмината фаза е постапката за изготвување на новиот закон за остварување на јавниот интерес во културата, по чиј предлог-текст досега имаше две јавни расправи. Со новиот закон ќе се унапредат начините на поддршка на проектите во културата за што Министерството и сите чинители во оваа сфера се согласни дека актуелната норматива не ги задоволува потребите на современото време.

 

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе