Реакција

Министерство за култура: Медиумите манипулираат, апликантите говорат невистини

Медиумите, иако имаа можност да го следат целиот процес на работа на стручните комисии, не го сторија тоа, туку испратија прашања до Министерството за култура, а некои не ги објавија одговорите. Како и досега, така и во иднина, доследно остануваме на заложбите за транспарентност и отчетност во сите аспекти од нашето работење, се вели во реакцијата на Министерството за култура по обвинувањата за нетранспарентност при денешната работа на стручните комисии кои ги разгледуваа одбиените апликации на годишните конкуси за проекти од национален интерес.

„Стручните комисии денеска започнаа со работа и тоа со работно време од 10.30 до 16.30 часот, период во кој медиумите имаа можност да снимаат инсерти од нивната работа и да го проследат целиот процес на прегледување на пријавите.

Информираме дека медиумите самите, по нивна желба, ги напуштија просториите на Министерството за култура, а дел од нив тенденциозно известија дека дека имало притисоци да ги напуштат просториите на министерството, што е неточно.

Дел од медиумите преносоа изјави од учесници на конкурсот, без самите апликанти да ги добијат решенијата од Министерството за култура со образложенијата зошто се одбиени.

Во однос на исказите на некои апликанти, учесници на конкурсот за меѓународна дејност и наводните превиди на комисијата при евидентирањето на некои материјали (како покана за учество  на апликантот), ве известуваме дека Комисијата за меѓународна дејност сè уште не е почната со работа и со разгледување на одбиените проекти“, се вели во реакцијата на Министерството за култура.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе