Утре ќе биде испратен извештај до УНЕСКО

Министерката за култура апелира Охридскиот регион да биде стратегиски интерес

Националната комисија го усвои извештајот за напоредокот на земјата за УНЕСКО. Според процедура тој беше на седница на Влада, а добиени се и мислењата од повиканите институции. Извештајот се преведува и најдоцна утревечер ќе биде испратен до Центарот за светско наследство при УНЕСКО, информира на денешната прес-конференција министерката за култура Ирена Стефоска и апелира на заштита на Охридскиот регион.

„Најотворено апелирам, Охрид и охридскиот регион мора да стане национален стратегиски приоритет. Мора да биде точката на обединување на сите во земјава, независно од која било и каква припадност, само тогаш и така сите заедно можеме да одговориме на препораките и барањата од Центарот за светско наследство при УНЕСКО", рече Стефоска

Министерката рече дека се работи интензивно и очекува со добра меѓусебна комуникација да може подобро и поефикасно да се исполнат обврските од страна на реактивната мониторинг комисија.

Извештајот ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за култура откако ќе биде испратен до УНЕСКО.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе