Меѓународни археолози ќе го истражуваат подводниот архелошки локалитет Врбник

Група археолози од Швајцарија, Германија и Полска ќе вршат палео-ботаничка анализа на подвoден локалитет Врбник кај Струга. Тие на 5 јуни ќе ги почнат истражувањата на праисториската наколна населба и нејзините културолошки слоеви.

Валентина Тодоровска, археолог, вели дека ќе се истражува и како се хранело населението во тој период и дека наодите од локалитетот Врбник ќе се презентираат и на пошироката јавност. Заинтересираните, по завршувањето на истражувањата, ќе можат со потребна опрема да го посетат локалитетот.

Археолозите сметаат дека Врбник може да биде нова туристичка атракција за домашната и меѓународната јавност.

Лани беше потврдено дека Врбник датира од раното железно време. Тогаш беше пронајден богат археолошки материјал, керамика, садови, разновидни бронзени предмети и накит. Дел од трагите покажуваат дека населбата прекинала да постои по голем пожар.

Праисториската наколна населба меѓу Струга и Калишта, која се наоѓа на 200 мeтри од брегот, е откриена во 1980 година од локалните рибари. Има 500 колци и документиран е простор од 500 квадратни метри. Првите истражувања почнале пред 23 години.

 

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе