Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“

Традиционалната меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“, ќе се одржи денеска во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, а на  свеченоста ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол“ на поетите Аднан Озер од Турција и Гордана Михаилова Бошнакоска од Македонија.  

Беседи за добитниците ќе одржат Ерол Туфан, проф.д-р Христо Петрески и академик Влада Урошевиќ.  

На свеченоста ќе биде врачена и наградата за најдобра песна на тема „Липа“ на македонскиот поет Стефан Марковски.  

Наградите ќе ги врачи Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, а покровители на манифестацијата се Министерството за култура, Град Скопје и Турскиот културен центар „Јунус Емре“ – Скопје. 

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе