Меѓународна конференција „Охрид-Водици 2020“:Современите предизвици за заштита на природното и културното наследство

Во Охрид, во Куќата на Уранија (МАНУ), денеска и утре, по осми пат, се одржува Меѓународната конференција „Охрид – Водици 2020“, што ја организираат ФОН Универзитетот и Институтот за социо – културна антропологија,  во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на Проучување на Културно Наследство од Баку, Азербејџан, списанието Руски политички науки од Москва, Русија, како и списанието Журнал за Глобални процеси од Мајами, Флорида, САД.

Оваа година конференцијата тематски е посветена на „Современите предизвици за заштита и управување со природното и културното наследство“.

На отворањето, во името на Владата, учесниците ги поздрави министерот за дијаспора и претседател на Националната комисија на УНЕСКО,Едмонд Адеми, градоначалникот на Охрид Костантин Горгиески, а говореше и пратеникот Рубин Земон.

„За секое развиено општество, најголем предизвик е заштитата на природното и културното наследство. Заштитата не е опција, туку обврска и должност. Нашата држава е енергично посветена на мултилатерализмот и инклузивниот дијалог, што може да се согледа и од фактот што, покрај, евроатланската интеграција, УНЕСКО стана еден од клучните политички приоритети на нашата надворешна политика. Супериорноста и автентичноста на нашиот најпознат бисер ја потврдува и УНЕСКО, препознавајќи го Охридското Езеро како дел од светското природно и културно наследство. Регулирањето на урбанизацијата на регионот е наш приоритет, додека целта е да се овозможи одржлива и хумана урбанизација која нема да дозволи нарушување на културниот пејсаж и нерационална екплоатација и уништување на природните ресурси“, напомена Адеми.

Градоначалникот Георгиевски, подвлече дека овогодинешната тема на конференцијата, не само што сега е актуелна, туку тоа е постојан предизвик.

„Заштитата и управувањето со природното и културно наследство е во постојан фокус на општина Охрид. Чекорите и мерките кои моментално ги преземаме, се во корелација со препораките од УНЕСКО, а нашата намера за постојано унапредување на  заштитата е веќе препознаена од меѓународните институции“, рече градоначалникот Георгиески. 

Како што информираше Земон, пак, годинава на конференцијата има 56 учесници од 10 земји, со 35 трудови. Секоја година се зголемува и бројот на учесниците, заедно со нивниот научен придонес, но се зголемува и бројот на поддржувачите и соучесниците, што годинава е особено изразено.

В.М.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе