Гласањето почна денеска

„Медена земја” ја почна трката за номинација за Оскар во две категории

Македонскиот филм „Медена земја" ќе се натпреварува за номинации во две категории за престижното, 92-ро издание на наградите „Оскар", одлучи Американската филмска академија. Гласањето почнува денеска и ќе трае до 7 јануари, а номинациите ќе се објават на 13 јануари.

„Медена земја" е во трката за номинација во категоријата документарни филмови во кои влегоа 15 документарци, како и во категоријата Меѓународен филм во која се номинирани десет филмови.
Филмот „Медена земја" и кинематографите Самир Љума и Фејми Даут веќе ја добија наградата за најдобра кинематографија на Меѓународните документарни награди во Лос Анџелес.
Документарецот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ја доби и наградата „Паре Лоренц" овој фестивал ја доделува за „давање пример за филмско снимање, со истовремено фокусирање на соодветната употреба на животната средина, правда за сите и откривањето на социјалните проблеми".
Македонскиот филм „Медена земја" беше прогласен за најдобар филм во 2019 година од страна на Друштвото на њујоршки филмски критичари, но и од престижниот весник „Њујорк Тајмс" кој го стави на врвот на листата на најдобри филмови годинава. Филмот изминатава година освои бројни признанија во Европа и светот.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе