„Медена земја“ во Сан Франциско, редици луѓе чекаат да го видат (ВИДЕО)

Долга редица луѓе чекаат за да влезат во киното Викторија во Сан Франциско на прикажувањето на македонскиот документарен филм „Медена земја”, објавено е на Фејсбук профилот на „Медена земја”. 

Филмот е приказна за последната жена – одгледувач на диви пчели во Европа, која се обидува да ги спаси пчелите и природниот баланс во природата, кога семејството на номадски пчелари се населува на нејзината земја и ја загрозува егзистенцијата. 

Документарецот е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата на Македонија-проект на Швјацарската агенција за развој и соработка, координиран од „Фармахем“, а поддржан е од Агенцијата за филм.

Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, триумфираше во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“).

На церемонијата во Парк Сити, Јута, САД , „Honeyland“ ja доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography). Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change).

Во изминатиот период „Медена земја” беше прикажуван во Кина, во Њујорк, во Швајцарија, Белград…

 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе