„Медена земја“ со две награди на Изборот на критиката за документарци во САД

Документарниот филм „Медена земја“ освои две награди на Избор на критиката за документарци во САД на синоќешното доделување на признанијата во Њујорк. На режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов им беше доделена наградата за најдобар прв документарен филм, а главната протагонистката во документарецот, Атиџе Муратова ја доби наградата за најпривлечен лик во документарец.

Наградите кои ги доделува Американското здружение на критичарите, се сметаат за едни од најдобрите предвидувања на номинациите за „Оскар“, што ќе бидат соопштени во јануари 2020.

„Медена земја“ веќе е меѓу петте номинирани за најдобар документарец на „Европските филмски награди“ за 2019 година, што ги доделува Европската филмска академија (ЕФА). За овој избор одлучуваат гласовите на 3.600 членови на ЕФА, а победниците ќе бидат прогласени на церемонијата што ќе се одржи на 7 декември оваа година во Берлин.

Во наредниот период „Медена земја“ ќе учествува на филмскиот фестивал во Доха, на фестивалот „Синевропа“ во Сантјаго де Компостела во Шпанија и ќе биде дел од официјалната селекција на најголемиот фестивал за документарен филм во светот ИДФА, кој се одржува во Амстердам, што воедно ќе биде и холандска премиера на филмот.

„Медена земја“ е македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар странски филм. Во тек е промотивната кампања на филмот за номинации за најпрестижната филмска награда, со поддршка од Агенцијата за филм.

Инаку, „Медена земја“ деновиве освои многубројни нови престижни награди. На 43. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Сао Паоло, Бразил филмот доби две признанија, награда на критиката за најдобар филм во меѓународната конкуренција и награда од жири за најдобар документарец во категоријата „Нови режисери“. Ја доби и главната награда на фестивалот во Нова Каледонија, Океанија, потоа наградата за најдобар филм во меѓународната конкуренција на фестивалот во Мумбај, Индија.

Филмот доби и специјална награда од жири на меѓународниот фестивал на документарен филм во Ханчоу во Кина, награда од публика за најдобар филм на фестивалот во Луксембург, специјалната награда на фестивалот во Монпелје, Франција, специјална награда за документарен филм на фестивалот „Девоур“ во Канада...

 

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе