Од Интернационалниот филмски фестивал Манхајм-Хајделберг

„Медена земја“ ја воодушеви германската публика

Македонскиот кандидат за Оскар, документарниот филм „Медена земја“ прикажан е со голем успех на Интернационалниот филмски фестивал Манхајм-Хајделберг, каде што ја воодушеви многубројната германска публика.

Гледачите чекаат трпеливо во долга редица пред главната фестивалска сала во центарот на Манхајм да ја видат оваа автентична документарна приказна за пчеларката Атиџе на авторите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска.

„Фадцинантен филм, грандиозни пејсажи и една вистинска хероина со јасна хуманитарна порака“. Со овие зборови долгогодишниот директор на оваа филмска смотра, Михаил Коц го најави македонскиот филм, прикажан (бидејќи веќе е наградуван) надвор од натпреварот во редицата „специјални проекции“.

Покрај хуманитарната, филмот има и јасна еколошка порака. Снимен во едно напуштено село во Македонија, темата на филмот е глобална. Се работи за пчелите кои, пради загадувањето на природата, сѐ помалку ги има. Се зборува дури и за „масовно изумирање на пчелите“ кое, како што предупредуваат медиумите, моиже да предизвика катастрофални последици, бидејќи пчелите играат клучна улога во еколошкиот синџир. Во јавниот дискурс во Германија, моментанчлно доминираат еколошки теми, што уште повеќе го поттикна интересот за оваа оригинална филмска творба.

Меѓу 50-тината филмови од целиот свет, одбрани за прикажување на овој угледен фестивал, „Медена земја“ беше единствен филм од регионот на Балканот. Колку за потсетување, македонските автори и минатите години забележаа значајни успеси на фестивалот Манхајм-Хајделберг: Владо Цветановски со „Тајната книга“, Сергеј Станојковски со „Контакт“ и Теона Стругар Митевска со нејзиниот прв филм „Како убив светец“. Најновиот филм ма македонската, во меѓувреме меѓународно реномирана режисерка „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, во германските кина пристигна точно во време на одржувањето на фестивалот.

Со тоа уште еднаш се потврди успешниот концепт на фестивалот Манхајм-Хајделберг, кој веќе 68 години (после Берлинскиот е најстар фестивал во Германија) го застапува младото авторско кино, барајќи нови филмски и режиски таленти. Во Манхајм, меѓу другите, беа откриени легенди како Трифо,, Вендерс и Форман.

Главната фестивалска награда „Grand Newcomer Award“ оваа година ја поделија трагикомедијата „На кровот“ на младиот чешки режисер Јиржи Мадл и социо-критичката мелодрама „Гризли“на канадаската режисерка Миранда де Пенсие.

Јасмина Сотировски-Елснер

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе