На фестивалот во Битола

Мастер-клас на лауреатот на „Браќа Манаки”, Едвард Лакман

Фестивалската публика денеска имаше уникатна можност да проследи мастер-клас со водечкиот светски кинематографер Едвард Лакман, лауреатот на годинашното јубилејно издание на „Браќа Манаки”, модериран од неговиот колега и стар пријател на фестивалот, Најџел Волтерс од кинематограферската асоцијација ИМАГО, информира тимот на ИФФК „Браќа Манаки”.

Предавањето на Лакман не го пропуштил ниту Фатих Акин, а денешниот мастер клас бил вистински разговор на кој присуствувале и режисерот Џим Шеридан и британскиот кинематографер Џон Метисон, два пати номиниран за Оскар за филмовите „Гладијатор” и „Фантомот од операта”. Лакман изразил посебна почит кон кинематограферските величини во публиката-фестивалски гости како Пол Рене Ростад и Рајнер Клаусман.

Благоја Куновски-Доре, селектор на натпреварувачката програма на „Браќа Манаки”, го најавил мастер-класот како врвен настан на фестивалската програма, а Волтерс истакнал дека нема потреба од посебно претствавување на Лакман и неговите филмски дела. Напомена дека пред 43 години на еден филмски сет, каде што кинематографер бил Свен Никвист, го запознал младиот Лакман како асистент на камера. Лакман, пак, изрази посебна почит кон кинематограферските величини во публиката-фестивалски гости како Џон Метисон, Пол Рене Ростад, Рајнер Клаусман…

Публиката што ја исполни Малата сала на Центарот за културата до последното место на почетокот од мастер-класот имаше прилика да види репрезентативен видеоклип со сцени од десетина филмови потпишани од Лакман како кинематографер.

„Пристапот на камерата во документарците е поинаков од играните, но има случаи, како во филмовите ‘Експорт-импорт’ и ‘Рај: љубов’ на Урлих Зајдл, чиј што кинематографер бев јас, каде што тешко можете да повлечете линија меѓу фикцијата и документарното”, рече Лакман.

Неговиот став за важноста на камерата која преку сликите ја раскажува сторијата на филмот го илустрирал и со камерата на Крис Менџис во филмот „Боксер” на Џим Шеридан, кој исто така е присутен на фестивалот како претставник на Европската филмска академија.

На прашањето на модераторот Волтерс за неговите почетни искуства со европскиот филм, Лакман посочи дека најпрвин бил заинтригиран од филмовите на италијанскиот неореализам.

„Во нив видов како се градат карактерите во филмот. Денес тоа во Холивуд го немате, таму сега се снимаат видео-игри, а не филмови”, смета Лакман.

Од тимот на „Браќа Манаки” велат дека Лакман важи за голем заговорник за снимање на филмска лента. Европските филмови во тој период ги снимал вообичаено на 35 мм лента, но можеби малку неочекувано „Керол” на Тод Хајнс, филм од 2015 година, го снимале на 16 мм лента, заради посакуваната атмосфера во филмот.

Едвард Лакман, вчера имал средба и со студентите на која зборувале за стручните аспекти на кинематограферската работа.

Синоќа во популарната битолска „Магаза" се одржала презентација на кратки филмови од филмскиот фестивал „Мекал” од Барселона, а претходно публиката таму можела да ја види и селекцијата на кратки филмови од фестивалот во Познањ, Полска. Со овие два фестивала „Браќа Манаки” од оваа година започна соработка и веќе имаше своја презентација во Полска.

Александар Трајковски ја промовирал својата книга „Музиката во македонскиот игран филм: од Фросина до Лазар”, која е прва пообемна музиколошко-филмолошка анализа на македонскиот игран филм.

 

Годинава, како што информираат од тимот на „Браќа Манаки”, гостин во Битола е еден од најимпресивните кинематографери не само во Британија, туку и во светот, Џон Метисон. Два пати е номиниран за „Оскар” за филмот „Фантомот во операта" и „Ханибал”, а исто толку пати беше номиниран и за награда на ИФФК „Браќа Манаки”.

Тој открил дека како мал бил љубител на филмовите за Џејмс Бонд и се интересирал кој ги направил и како ги направил, како и филмовите на Вендерс, Спилберг и други.

„Мислам дека сега има голема промена, особено во однос на пионерите на филмот. На пример, областа во која снимал Чарли Чаплин во Лондон повеќе не постои, што е голема штета бидејќи би било одлично да може да се прошета таму и да се направи музеј. Токму тој дел од Лондон каде има улички со калдрма, куќи прекриени со чад, една сивост во амбиентот со која Чаплин го прикажува автентичниот живот во тоа време во Лондон. Сега е тешко да се направи такво нешто”, смета Метисон.

За него киното е храм, а единствените поддржувачи на филмовите се фестивалите.

„Ова е фестивал за филм и јас сакам кога луѓето одат во храмот. Во Лондон сега има 4-5 кино-сали кои повторно се приватизирани и не се прикажува ништо квалитетно. Изборот зависи од сопственикот на киното. Има многу малку независни кина кои прикажуваат квалитетни содржини, но ретки се моментите каде се концентрира публика на која може да и се задржи вниманието. Мене ми се допаѓа идејата да се влезе во храмот, во киното, да се исклучат сите уреди и да се ужива во филмот. На луѓето мора да им дадете нешто, да ги натерате да размислуваат, бидејќи дома не го добивате истиот квалитет на звукот, перспективата, не се гледа сето она што е вложено додека се правел филмот”, истакна Метисон.

 

Од селекцијата на кратките филмови, бил прикажан македонскиот филм „Вера”, а актерката која ја толкува главната улога и авторот на музиката во филмот споделиле искуства од снимањето. Музиката во филмот е светска етно музика изведена на саксофон, инспирирана од јапонската музика и заедно со актерскиот и режисерскиот дел е доста суптилна.

Режисерката на документарниот филм „Марселин. Една жена. Еден век”, Корделија Дворак, разговарала со директорката на фестивалот Гена Теодосиевска за документарниот филм воопшто и неговата иднина, но и за филмот посветен на извонредната француска филмска режисерка, авторка, продуцентка, актерка и уметница, Марселин Лоридан-Ивенс, радикална хроничарка која го преживеала холокаустот.

Вечерва, публиката во Битола премиерно ќе го види филмот „Медена земја” кој се прикажува во рамки на фестивалската програма.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе