Галичка свадба годинава од 12 до 14 јули

Марина Петровска и Огнен Караѓозевски се годинешните младенци на Галичка свадба

Марина Петровска и Огнен Караѓозевски се годинешните невеста и младоженец, кои ќе ја овековечат нивната љубов на традиционалната културно-сценска манифестација Галичка свадба, која по 46-ти пат, од 12 до 14 јули ќе се одржи на планината Бистра во Галичник.

Како што изјави Александар Костиќ од организацискиот тим на Месната заедница Галичник на денешната прес-конференција во Скопје, свадбата ќе биде проследена со свадбарски обичаи и ритуали, народните носии и изворни песни од овие краеви на земјава и се очекува присуството на илјада посетители од земјава и странство. Покровител на годинешната Галичка свадба е претседателот Стево Пендаровски.

„Галичката свадба е светски позната и призната културна и туристичка манифестација, која придонесува за промоција на нашата земја и на сите нејзини убавини. Како организатори на манифестацијата пособено сме задоволни што и годинава на најдобар можен начин ја продолжуваме вековната традиција на Мијаците, како дел од македонското културно богатство.  Тоа, како и се поголемиот број на посетители на оваа манифестација, за сите нас претставува дополнителен мотив да продолжиме да вложуваме максимални напори да ја одржиме и постојано да ја збогатуваме“, посочи Костиќ.

Ламбро Патче од „Пивара Скопје“, партнер на манифестацијата, им честита на младенците и наздрави за нивната љубов, среќа и бериќет.

„Горди сме што веќе 46 години во континуитет сме неизоставен дел од оваа уникатна манифестација која е огледало на нашата богата традиција и културно наследство. Им честитам на младенците за нивната среќа и берикет, но и за пријателство и заедништво кои не поврзуваат и зближуваат. Тоа е исто она заедништво, иднина, пријателство, дружење како најисконска сила која ги поврзува во Галичник сите оние кои се од Галичник, но и оние кои се намирници и сакаат да го видат Галичник и нашата богата традиција“, појасни Патче.

Тој додаде дека традицијата постоела со векови и треба со голем ентузијазам таа да се пренесува на следните генерации, да ги видат оние автентични ора, обичаи, традиција, адети, нардно носиик, галички специјалитети и архитектурата која се гнездила во Бистра.

Галичката свадба ќе започне во сабота на 13 јули, а венчавањето на младенците ќе биде следниот ден во храмот „Св.Апостол Петар и Павле“ во Галичник. Свеченоста ќе заврши со чинот на испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.

Традиционално, со одржувањето на Галичката свадба ќе се означи и почетокот на „Галичкото културно лето“.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе