Министерката за култура ја презентираше програмата

Манастирот во Матејче и црквата во Курбиново ќе се прогласат за културни добра во опасност, најави Стефоска

Новата министерка за култура, Ирена Стефоска денеска ја презентираше новата програма, а како приритети ги истакна заштитата на културното наследство, санирање на штетата од проектот „Скопје 2014“, ревидирање на Колективниот договор, обезбедување услови за работа на културните работници, одбележување на 50 години од смртта на Параскева Кирјази и 100 години од раѓањето на Блаже Конески, како и отворање и затворање на поглавјето 26 од преговорите со ЕУ кое се однесува на културата.

Според Стефоска, заштитата на културното наследство, како национална меморија, е приоритет на секоја одговорна влада, а нејзин приоритет е суштинска грижа за недвижното, движното и нематеријалното наследство.

„Зборуваме за непроценливо богатство што како амалгам од соништата на сите наши предци е живата врска со нашата современост. Одговорни сме пред предците, кон нас самите, кон идните генерации и кон светот да го сочуваме нашето наследство. Едно од клучните барања и на ЕУ кон РСМ е токму заштитата на културното наследство. Во оваа смисла да не ги забораваме и нашите обврски кон УНЕСКО, Охрид и охридскиот регион, зошто едно е, вредно е, наше е, светско е”, рече Стефоска.

Нејзина прва задача како министерка е овозможување и воспоставување ефикасен систем за заштита на културното наследство и раскрстување на вандалскиот однос кон наследството.

„Од надлежните институции побарав детални податоци и анализи за црквата ‘Св. Ѓорги’ во Курбиново каде што по седум години изготвување проекти досега се спроведени само заштитна покривна конструкција и превентива на ѕидното сликарство, иако со децении сме сведоци на ужасната состојба во која се наоѓа црквата. Зборувам за културно добро од 12. век со светска вредност. Тоа не е само наше национално, тоа е светско добро. Се прашувам зошто во последниве децении црквата ‘Св. Ѓорѓи’ во Курбиново или ако сакате ангелот од Курбиново не била прогласена досега, т.е. во годините претходно од надлежните институции за културно наследство во опасност иако Законот за заштита на културното наследство тоа го наложува во еден конкретен член. Таквиот статус ‘добро во опасност’ значи да се мобилизираат сите стручни и материјални ресурси во земјава и да се вклучат и меѓународни експерти и ресурси за трајно решавање на проблемот”, рече Стефоска.

Таа, исто така праша зошто досега не бил применет овој пристап и за сите други загрозени културни добра од светско и од национално значење, како на пример манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче.

„Иако уште во 2017 година Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство повеле иницијатива за негово прогласување за културно добро во опасност. Досега не е прогласен за културно добро во опасност”, додаде Стефоска.

Таа најави дека лично ќе ги обиколи спомениците од Втората светска војна за да види во каква состојба се, а во врска со проектот „Скопје 2014“ рече дека соработува со Град Скопје за ревитализација на централното градско подрачје, како и дека се планира да се распише меѓународен конкурс за да се санираат штетите од она што се случуваше на централниот градски плоштад и околината.

 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе