САЕМ ВО ПАРИЗ

Македонското културно наследство е претставено во најпознатиот светски музеј „Лувр“

По успешното претставување во Италија, Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) продолжи да го претставува богатото македонско наследство во еден од најпознатите светски музеи „Лувр“, на престижниот Меѓународен саем за културно наследство во Париз, Франција, кој се одржува од 4 до 6 ноември оваа година.

Од ден на ден интересот на европската публика се зголемува за македонските локалитети, цркви и други споменици, посебно поради фактот што ова е второ претставување на Македонија преку Управата на овој голем настан од областа на културата и културното наследство.

„Втор пат сме учесници на респектабилниот Меѓународен саем за културно наследство во Париз, во салата ’Карусел‘, која е дел од ’Лувр‘, каде не само што сме сведоци на врвните достигнувања на заштитата, конзервацијата и реставрацијата на културното наследство, туку активно го афирмираме културното наследство на Република Македонија пред евидентно заинтересираната француска, европска и светска публика на саемот.

Управата за заштита на културното наследство е тука со општи информации за македонското културно и археолошко наследство, но и со дваесет конкретни културни трезори, дваесет монографии за високо истакнати македонски антички градови, ранохристијански базилики, средновековни цркви и манастири и исламски споменици“, вели проф. д-р Виктор Личиќ - Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство.

На саемот има повеќе од 340 учесници од земји од цел свет, меѓу кои Германија, Белгија, Кина, Јужна Кореја, Холандија, Италија и други земји, како и претставници од сите региони од Франција. Управата ги презентираше изданијата за културно наследство од проектот „Најзначајните вредности од областа на културното и природното наследство на Р. Македонија“.

Македонскиот штанд во Париз го посети економскиот промотор на Република Македонија во Париз, г-дин Игор Николов, а директорот на Управата, проф. д-р Виктор Лилчиќ - Адамс оствари средба и со вршителот на должност во амбасадата на Р. Македонија во Париз, г-дин Габриел Атанасов, известија од Управата за заштита на културното наследство на РМ.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе