Македонските кореографи приредија вечер за паметење на Танц фест

Магија на сцена и громогласни аплаузи го одбележаа првиот ден на Танц Фест 2020. Домашните кореографи ѝ приредија на публиката вечер за паметење. Покрај четирите македонски авторски кореографии – „ИДЕНТИТЕТИ – Историја на еден растегнат сон“, „ДОМА“, „Нејзин простор“ и „Кинцуги“, публиката имаше можност да ја види американската “Consent” на Меган Бриџ, аудиовизуелниот перформанс “RED” на Шамел Питс и првиот македонски танцов филм на кореографката Адријана Данчевска, дел од перфомансот „ДОМА“.

Денес, како што информираат организаторите, како дел од вечерниот репертоар, со почеток во 20:00 часот, на отворената сцена во парк МКЦ како дел од програмата Фокус:САД ќе се претстават “GAMER” на Кристин Бонансеа и “Morphic Resonance” на Меган Бриџ. Македонските танчери ќе ги изведат “God Speed” и “Outline” на кореографот Дејан Битровски, „Јас и Сара – Општествена критика“ и „Гробно место“ на Бобан Русески, ”Dream State” на Валентино Апостоловски, „Кратко патување до непознато место“  на Тереза Лазарев и “Once upon a crawl” на Сара Цветковска, апсолвентки на УГД.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе