Од 13-17 септември

Mакедонскиот филм „Враќање“ ќе биде прикажан на фестивалот во Олденбург

Mакедонскиот филм „Враќање“ во режија на Кастриот Абдули ќе биде прикажан во официјалната конкуренција на филмскиот фестивал во Олденбург, кој поради високиот рејтинг и силните критериуми на селекција  го нарекуваат уште и европски „Санденс“, соопшти Агенцијата за филм.

На ова 25. јубилејно издание на меѓународниот фестивал во Олденбург, Германија што ќе се одржи од 12-16 септемеври, претставниците од Агенцијата за филм во Олденбург од 13-17 септември ќе учествуваат на настанот MatchBox Coproduction Lounge.
 
Учеството на Агенцијата ќе биде најавено и на отворањето на фестивалот, а на покана на директорот на фестивалот, Торстен Њуман на 15 септември, Агенцијата за филм ќе има можност да ја претстави Македонија како атрактивна дестинација за снимање и ќе ја афирмира законската регулатива со која се овозможува поврат на средства од копродукциски услугу и филмски сервис.
 
Агенцијата ќе се претстави со учество на проекти во развој во официјалната програма на овој настан, ќе биде присутна и во печатените фестивалски рекламни материјали, организирани се и низа интервјуа од страна на претставници на фестивалот, како и на фестивалската веб страница.
Олденбург филмскиот фестивал е посветен на иновативни, независни филмови со силен авторски печат и е еден од најзначајните филмски фестивали во светот, а за тоа зборува и фактот што Variety, Hollywood Reporter и Screen International меѓу другите му ја доделија титулата „Европскиот Санденс".
 

На 20 јануари 2019 владата на САД веќе цел месец е делумно блокирана поради инсистирањето на Трамп да добие 5,7 милијарди долари од Конгресот за финансирање на неговиот расистички и средновековен пограничен ѕид.

повеќе

Луѓето се љубопитни суштества, колку и да го одрекуваат тоа.

повеќе

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе