СТРИП-УМЕТНОСТ

Македонски автори се застапени во најобемниот балкански стрип-магазин „Парабелум“

Традицијата на објавување на стрипови на македонски автори во босанскиот стрип-магазин „Парабелум“ продолжува и во неговиот најнов број, кој според издавачот „Деветта димензија“, здружение на стрип-автори и стрип-љубители од Република Српска, се очекува да излезе во најскоро време.

Имено, во листата на шеесеттина автори во овој престижен стрип-магазин, со стрипот „Сѐ што е слатко трае кратко“, застапени се и сценаристот Александар Стеванов од Штип и цртачот Дарко Богданов од Виница.

Во досегашните седум броеви на овој најобемен балкански стрип-магазин, свои дела имаат објавено повеќе македонски автори, меѓу кои Весна Ничевска, Јордан Коцевски, Јован Секулоски и други.

Балканскиот стрип-магазин „Парабелум“ со своето најново издание излегува по пауза од две години.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе