Македонски автори на 10. Интернационален фестивал за современа уметност „Паратисима Торино“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Десет македонски автори се претставија со своите дела на 10. Интернационалниот фестивал за современа уметност „Паратисима Торино“ во Италија.

 

Селектираните уметници од Првиот саем на современа уметност – „Паратисима Скопје“, кои по учеството на саемот од 13 до 15 јуни во Младинскиот културен центар беа селектирани и наградени со учество на „Паратисима Торино“, се претставија со своите дела на десеттото издание на интернационалниот фестивал за современа уметност „Паратисима Торино“ во Италија, кој се оддржа минатата недела во периодот од 5 до 9 ноември.

Десеттото издание на „Паратисима Торино“ беше отворено за јавноста пет дена и привлече 82.814 посети. Оваа година фестивалот се одржа на локацијата „Торино Еспозициони“ (Torino Esposizioni) каде што се претставија 600 уметници, помеѓу кои и десетте селектирани автори кои беа селектирани од деведесетте учесници на првото издание на „Паратисима Скопје“, информираа од здружението „Континео 2020“.

Авторите Борче Богоевски, Ана Лазаревска, Ненад Тонкин, Александар Дудески (Творница), Калина Брајковска, Драган Христов (Лудус), Николина Симовска (Џаст Бикоз/Just Because), Маја Кировска, Горан Менков, Ленче Андонова и Бојан Ивановски учествуваа со свои дела во уметничката поставка на „Паратисима Торино“ но, и во секциите посветени на дизајн и моден дизајн.

За гостувањето на селектираните автори се погрижи здружението „Континео 2020“ од Скопје во соработка со асоцијацијата ЈЛДА (Ylda) од Торино. Соработката помеѓу Скопје и Торино продолжува кон второто издание на саемот за современа уметност „Паратисима Скопје“ во 2015 година.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе