Македонија се приклучува на проектот „Европски денови на културното наследство 2019“

Нашата земја од оваа година се приклучува кон реализација на проектот „Европски креатори на културно наследство". Проектот се реализира од 11 март до 14 мај 2019 година. Музејот на Република Северна Македонија ги повикува сите деца и млади луѓе од 12 до 18 години да го разгледаат и истражат наследството во својата околина и да ја раскажат својата приказна.

„Она што започна како „Креатори на културно наследство“ во Финска во 2013 година и беше прифатено како прекугранична активност од 2014 година наваму, беше препознаено од страна на Собранието на Европските денови на културното наследство (ЕДКН) како иновативна и одржлива можност за активно ангажирање на најмладите. Децата и младите луѓе имаат клучна улога во иднината на заштитата и промовирањето на културното наследство и го претставуваат најзначајниот ресурс за креативни идеи и воопшто, за придонесот кон културата“, се вели во соопштението од Музејот.

Оттаму посочуваат дека ЕДКН го објавуваат и повикот за „Европска приказна за културното наследство“, наменет за возрасните граѓани на Европа. Повикот е отворен од 18 март 2019 година, а аплицирањето за учество со испраќање на приказна ќе трае до 18 април 2018 година. Повеќе информации за повикот може да се најдат на веб-страницата www.europeanheritagedays.com.

ЕДКН претставуваат нajшироко прифатен партиципативен културен настан што го споделуваат граѓаните на Европа. Низ повеќе од 50.000 настани што се организираат на годишно ниво во педесетте земји – потписнички на Европската културна конвенција и повеќе од 30 милиони посетители, ЕДКН како заедничка акција на Советот на Европа и Европската комисија претставуваат единствен пример на иницијатива што потекнува од теренот и се организира со учество на милиони граѓани на Европа. Заедничката тема на одбележувањето во 2019 година, која беше прифатена од повеќето европски земји, е „Уметност и забава“, се наведува во соопштението.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе