Љупчо Коцарев, Петар Мирчевски и Димитри Дурацоски добитници на наградата „11 Октомври“

На академик Љупчо Коцарев, научен работник, на актерот Петар Мирчевски и на писателот и ликовен уметник, Димитри Дурацоски денеска во Собранието на Република Северна Македонија им беше врачена државната награда „11 Октомври“. Наградата Коцарев ја доби за животно дело во областа на науката, а Мирчевски и Дурацоски за животно дело во областа на културата и уметноста.

 

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“, која е највисоко признание за животно дело. На добитниците наградата „11 Октомври“ им ја врачи претседателот на Одборот, Драги Ѓоргиев.

Од име на добитниците пред присутните се обрати Коцарев, кој се заблагодари за наградата и рече дека реформите во образованието се толкуваат многу повеќе како средство за постигнување определени економски и политички цели, отколку како механизам за негување на демократските општествени односи, промоција на граѓанското општество, интелектуалноста и колективниот одговор на глобалните кризи, што се длабоко вкоренети во нашите економски, социјални и политички системи.

„Овие реформи имаат тенденција да ја намалат вредноста и значењето на уметностите, хуманистичките и општествените науки, како и општествено ангажираните форми на настава и учење во корист на стандардизираните и испишани наставни програми насочени кон создавање усогласени работници“, рече Коцарев.

Потрагата по одговорите поврзани со нашите приоритети, потенцира, треба да започне токму од секторите образование и наука.

„Рамките во кои треба да се постават реформите во овие сектори се јасни Од тоа дали ќе собереме сили да ги реализираме што поскоро овие реформи ќе зависат, а во тоа сум повеќе од убеден, условите за живот и благосостојбата на граѓаните во нашето општество. На прашањето Каде одиме? Quo vadis?, Исус одговорил „Одам во Рим за повторно да бидам распнат". За да не бидеме „распнати", нас ни треба образование и наука“, додаде Коцарев.

На доделувањето на државната награда „11 Октомври“ присуствуваа премиерот Зоран Заев, заменици – министри, пратеници, уметници, академици, актери…

Премиерот Заев по доделувањето на наградата изјави дека денеска се одбележуваат 78-години од почетокот на нашата борба, дигајќи се преку востание за слободна независна самостојна Република Македонија тогаш, сега Репблика Северна Македонија.

„Сакам да ја искористам можноста да им го честитам големиот празник на сите наши граѓани и да посакам вечна да ни е слободата, да ја негуваме, да ја надградуваме, да расте, за да ни биде и животот попријатен“, додаде Заев.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе