Ликовна уметност

Во рамки на „Скопско лето" и во соработка со Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), вечер во „Галерија 8" од 21 часот ќе биде отворена изложбата „Деконструкција на пејзажот" на Марјана Костојчиноска-Узунчева.

01 Јули 2019 - 10:15

До 12 август во Музејот на современа уметност ќе биде отворена изложбата „Гласање и гласови", која претставува 50 постери од кампањите за референдумите во Швајцарија од 1918 до денес. Изложбата е на Museum für Gestaltung Zürich од Цирих, еден од водечките во Швајцарија, а со неа се одбележува и почетокот на проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија" поддржан од Швајцарија.

28 Јуни 2019 - 15:57

Триесет и пет уметници од земјава, но и од Русија, Србија, Хрватска, Бугарија, Франција, Грција и од Полска ќе учествуваат на 10-тата Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања" што вечер ќе биде отворена во ресторанот „Виа Игнација" во Вевчани.

22 Јуни 2019 - 09:28

Дваесетина ликовни творци од земјава и од странство ќе учествуваат на ликовната колонија „Љубанци 2019", што почнува денеска и ќе трае до 21 јуни.

14 Јуни 2019 - 09:07

Во саботата беше отворена самостојната изложба на фотографии на 19 годишниот студент Филип Лафазановски во Гранд кафе Сегед во Сегед, Унгарија, како дел од музичкиот фестивал Грибедли фест.

06 Јуни 2019 - 07:18

Меѓународниот настан „Еј, што имаме да изгубиме? Архивирањето како колективен чин на отпор" кој ќе се одржи во Музејот на современа уметност во Скопје на 31 мај и 1 јуни, и чија појдовна точка е инцидентот од 21 април 2017 година, кога пожар го уништи Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје, има за цел да ја подигне граѓанската свесност и колективниот однос кон незаштитеното модернистичко културно наследство и ќе се обиде да дојде до одговори како да се направи корисен модел за архивирање на значајни документи најдени во јавен простор.

28 Мај 2019 - 11:22

Во Музејот на Град Скопје утревечер ќе биде отворена првата изложба на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер. Ќе бидат претставени повеќе од 200 цртежи и макети.

26 Мај 2019 - 12:37

„Што ми помогна да го пребродам проблемот", ќе биде темата на изложбата која ќе се оджи на 27 мај со почеток во 19 часот, во гимназијата „Орце Николов" во Скопје. Целта на оваа изложба е преку анонимни творби отворено да се споделуваат проблеми на младите и начините на кои тие се справуваат со нив.

25 Мај 2019 - 18:14

Во присуство на амбасадарот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, градоначалници од регионот и ученици од основни училишта од Струмица денес беше отворен културно-уметничкиот проект „Уметност и вода-магија на животот", имплементиран од „Здружение за третман на води на Северна Македонија", а финансиран од Европската Унија.

20 Мај 2019 - 13:16

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујок, САД (Gallery MC, NYC, USA) денеска официјално ќе биде отворена групна изложба со наслов „Пиперка".

17 Мај 2019 - 10:19

По повод историската посета на папата Франциско, во чест на Скопската бискупија при Римокатоличката црква, македонскиот скулптор и професор Жарко Башески ја збогати галеријата на споменот домот на добитничката на Нобелова награда за мир и светица во католичкиот свет, Мајка Тереза, со нејзина скулптура изработена во реалистичен манир, карактеристичен за Башески.

08 Мај 2019 - 11:27

Во Венеција вечер официјално ќе биде отворен павилјонот на Република Северна Македонија со проектот на Музејот на современата уметност (МСУ) „Субверзија во црвено" на авторката Нада Прља, во рамки на 58. Интернационална ликовна изложба која за посетители ќе биде отворена од 11 мај до 24 ноември.

08 Мај 2019 - 09:49

Неколкугодишниот проект „Поврзување" на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, оваа 2019 година се прошири и збогати со групна тематска изложба на дела од 21 уметник од двете земји. Изложбата е насловена „Интеграција на идентитети" и ќе биде отворена вечер во Балабанова куќа во Пловдив, кој годинава е престолнина на европската култура.

07 Мај 2019 - 10:08

Изложба на слики „Птици (за мојата ќерка)" од Јорданчо Кицовски вечер ќе биде отворена во Културно информативниот центар – Скопје.

07 Мај 2019 - 10:02

Во Охрид, во ОУ „Кочо Рацин”, со ликовната постановка од 20 рацинови портрети, заокружена е културната иницијатива 80 години „Бели Мугри” од Кочо Рацин.

01 Мај 2019 - 19:23

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе