Зоран Попоски изложува во Јужна Кореја

Македонскиот уметник Зоран Попоски учествува на меѓународната изложба Перспективи 2021 во Музејот КИКА во Гимпо, Јужна Кореја, во периодот 30 декември 2020 до 17 јануари 2021 година.

На изложбата се застапени педесет уметници од САД, Франција, Канада, Бразил, Кина, Кореја, Јапонија, Британија, Германија, Грција, Венецуела, Италија, итн. 

„Изложбата во Кореја е јубилејна за мене, бидејќи е стота (100) изложба на моите дела. Во моментов мои дела се застапени уште во две тековни изложби во САД и Италија. Последната изложба во Македонија ја имав пред четири години. Се надевам дека наскоро македонската публика повторно ќе има можност да ги погледне моите дела“, изјави Попоски.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Линц и Њујорк, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе