„Живот во кругот“ – онлајн изложба на Петра Јовановска и Рафаел Ристовски

Самостојна визуелна изложба со наслов „Живот во кругот“ на ликовната уметница Петра Јовановска и младиот автор, студентот Рафаел Ристовски ќе биде претставена и поставена на уметничката платформа за визуелни онлајн изложби - https://www.artsteps.com од 7 до 23 мај. Изложбата бќе може да се следи и на Фејсбук.

Петра Јовановска подолг период од нејзиното ликовно творештво го истражува кругот и го вметнува во своите ликовни дела. Со него се сретнува, се навраќа кон кругот, ги истражува границите, патува низ него, се тоа со цел да направи една целина, едно заокружување. Круг како едноставен геометриски облик, но со голема симболика и функција за авторката. Сепак, нејзиниот уметнички израз не се заснова само на симболичните и семантичките карактеристики на геометриската форма, туку главната намера е да се насочи уметничката активност кон синтеза на уметничкиот говор како еден виден истражувачки пристап се карактеризираат со формирачки принцип со значаен редослед на рамнотежа на геометриските форми на внимателно усогласени деликатни релации на боја и форма.

Петра Јовановска е родена 1972 год. во Р.Чешка, има завршено Ф.Л.У. во Скопје. Таа досега реализирала 48 самостојни изложби (Франција, Германија, Хрватска, Полска, Р.Чешка...). Учествувала во повеќе од 300 групни изложби, учесник е на голем број ликовни колонии, симпозиуми и добитник на неколку награди.

Младиот автор ќе се претстави со циклус на фотографии кој пред се го рефлектираат градот односно урбаната средина во паралела со природата. Овој контраст е уште повеќе потенциран со употреба на дигитална фотографија со манупулација.

Рафаел Ристовски завршил средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје. Моментално е студент на УКИМ – Скопје. До сега учествувал на 20-тина групни изложби (Македонија, Хрватска, Романија, Мексико...), учесник е на меѓународна ликовна колонија во Хрватска.

Ликовниот проект е поддржан од Министерство за култура на акедонија и Амбасада на Р. Чешка.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе