Жарко Башески дел од уметниците кои го отворија годинешниот Арт капитал фестивал во Унгарија

Скулпторот и професор на Факултетот за ликовна уметност Жарко Башески со видео обраќање на лед екран поставен на Дунав официјално го отвори третиот по ред Арт капитал фестивал во Унгарија. На годинешното издание на фестивалот, кој трае до 24 јуни, љубителите на современата уметност и хиперреализмот ќе може да уживаат во неговото најново дело „Asphyxia" (Гушење), но и во делата на Јоко Оно, Рита Акерман, Моника Баер и други светски реномирани уметници.

„Огромна чест претставува да се учествува на фестивал од ваков калибар и да се изложува заедно со имиња од светски ранг. Благодарен сум на Арт Капитал за можноста по втор пат на интернационалната јавност да ѝ претставам дел од македонската современа уметност. Минатата година имавме одлична соработка и што е најважно за мене, публиката позитивно одговори на пораките кои делата ги пренесуваат. Голема благодарност и до Кибла Портал центарот од Марибор, Словенија и нивниот проект МИГ 21 за големиот придонес и поддршката без кои ова можеби немаше да се оствари“, изјави Башески.

Mинатата година Башески дебитираше на Арт капитал фестивалот со повеќе дела, кои беа една од главните атракции на самиот фестивал.

„И оваа година Арт капитал е домаќин на светски уметнички имиња, меѓу кои и господинот Жарко Башески. По минатогодишната успешна соработка, оваа година одлучивме да биде меѓу уметниците кои го отворија фестивалот. Неговиот хиперреалистичен начин на изразување гради еден неконвенционален однос меѓу гледачот и делото, создавајќи близина која граничи со непријатна реалност. Новото дело “Asphyxia“ не нуди никаков oчигледен предзнак или корисен наратив - неизбежно монументална, „главата“ се соочува со гледачот и со неговите сосема лични моменти, но и општо, со човечките димензии“, вели Габор Гулиас, уметнички директор на фестивалот.

Арт капитал е фестивал кој секоја година се одржува во Сентандреја, Унгарија. Централниот фокус на фестивалот е современата уметност, изложена на повеќе од десет изложбени простори во состав на Ференци – Музеј центар.  Тематиката која ја обработува годинешниот Арт капитал е односот на современото човештво кон природата и копнежот по Изгубениот рај: идејата за библиската градина Еден.

Покрај делата кои во моментов се изложуваат во градовите низ Европа, изложбата на „Asphyxia” во Унгарија е дел од турнејата на Башески низ седум градови во Европа, меѓу кои Марибор, Камник, Копар и Слуј. Во неговиот опус, Башески има над дваесет хиперреалистични дела, а до крајот на годината е планирано да претстави и нови, пред домашната и интернационалната публика.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе