Заврши ликовната колонија „Карпино 2021“

Заврши 19-тата Меѓународната ликовна колонија „Карпино“ на која учествуваа 11 уметници од државата и соседните земји, а кои една недела твореа во кумановската населба „Карпош“.

Како што информираа денеска од мултимедијалниот Центар Карпино, на колонијата создадени се дваесетина дела, инспирирани од културно-историските споменици, цркви, манастири и природни реткости од општините Куманово и Старо Нагоричане.

„Дел од уметниците работеа дома, дел во комплексот „Грација“, поради запазување на здравствените протоколи. Уметниците твореа на слободна тема. Пошироката јавност ќе има можност да ги разгледа делата од колонијата на традиционална изложба по повод денот на ослободување на Куманово“, изјави претседателот на здружението Зоран Павловски.

Ликовната колонија е посветена на манастирот Воведение на Пресвета Богородица во Сув Ора, добро позната под името Карпински манастир. Организаторите им врачија благодарници на учесниците и најавија дека и годинава,  делата ќе бидат изложени во галерии и установи од културата во повеќе градови од државата.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе