По 35 пат во манастирскиот комплекс кај Крива Паланка

Започнува Меѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“

Од денеска до четиринаесетти септември во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски ќе се одржи 35. јубијелно издание на Меѓународната ликовна колонија која го носи името на светецот-закрилник на ова древно светилиште, Св. Јоаким Осоговски.

„Оваа Меѓународната ликовна колонија една од најстарите ликовни манифестации од ваков вид во нашата земја, заедно со Струмичката и Прилепската, а е единствена која работи во сакрален амбиентален простор. На колонијата ќе учествуваат единаесет ликовни творци од земјата и странство и тоа од нашата земја: Данчо Ордев, Стефан Хаџиниколов, Мирјана Крстева Масети, Валентина Илијевска, Лазо Ѓоргиевски, Нела Јанковска и Дејан Иванов -Маргуш. Останатите уметници кои и даваат интернационален карактер на колонијата, иако и оваа, втора година по ред колонијата се одржува во услови на пандемија, се: Светозар Тасиќ од Србија,Снежана Мелник од Украина, Георги Андонов и Љубима Брдарова од Бугарија“, информира координаторот на колонијата, проф.Јордан Михајловски.

Уметниците ќе работат по слободен тематски пристап, принцип со кој од основањето до денес се негува слободата на духот и творештвото.
Создадените дела ќе се презентираат во манастирската галерија, што е во функција на културниот туризам, во Локалната установа Градски Музеј, Крива Паланка и во повеќе градови во земјата.

Меѓународната ликовна колонија е поддржана од Министерството за култура, Општина Крива Паланка и од манастирот Св.Јоаким Осоговски.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе