Заедничка изложба на Јулија Поциуте и Владимир Илиевски

Во рамките на европскиот проект CreArt под покровителство на Град Скопје во изложбениот салон - Империјал 1 при ЈУ КИЦ - Скопје на 22 јуни ќе се отвори ликовна изложба на Јулија Поциуте (Литванија ) и Владимир Илиевски (Македонија). Куратор на изложбата е историчарот на уметноста Кирил Пенушлиски. Изложбата ќе биде отворена до 6 јули.

Јулија Поциуте е современа литванска уметничка позната по нејзините инсталации со мешани медиуми, односно инсталација помеѓу видео арт, скулптура, дизајн елементи и фотографија. Таа завршува ликовна академија во Вилнус ( Литванија) во 2007 година. Јулија организира повеќе самостојни изложби во Литванија и надвор од неа (Финска, Данска, Германија, Португалија, Италија…). Нејзините дела се составен дел од колекциите во музеите во Данска, Шпанија и Литванија.

Владимир Илиевски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2012 година, отсек сликарство, во класата на Вело Ташовски, Свето Манев и Благоја Маневски.

Илиевски досега има реализиеано девет самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, еден во Скопје, а другиот во Струмица. Член е на ДЛУМ од 2012 година.

Како позначајна награда, од неколкуте кои ги има добиено, е наградата „Вангел Коџоман“ за најуспешна реализирана изложба на ДЛУМ за период 2011- 2013 година.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе