„Заедничка историја-заедничка глупост" - изложба на македонски и бугарски карикатури во Скопје

Вечерва во 20 часот во фоајето на Младинскиот културен центар во Скопје ќе биде отворена изложбата „Заедничка историја-заедничка глупост", во организација на Клубот за бугарско-македонско пријателство.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, изложбата е посветена на односите меѓу Бугарија и Македонија. Организаторите сметаат дека исмејувајќи се над нашите стравувања преку карикатурите на авторите од двете земји, полесно ќе ги надминеме истите.

Од македонска страна учесници во изложбата се карикатуристите Мирослав Георгиевски-Миро, Златко Крстев и уште тројца карикатуристи.
 
Учесници од бугарска страна се карикатуристите Чавдар Николов, Христо Комарницки и Ала и Чавдар Георгиеви. Тие работат во хумористичното издание „Прас прес", кое е многу популарно во Бугарија. 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе