вторник, 16 април 2024

Барселона одбила 60 милиони за услугите на Рафиња, ако го продава, ќе бара најмалку 80 милиони

Според пишувањата на Спорт, Барселона одбила понуда за услугите на Рафиња, клуб од Премиерлигата бил подготвен да одвои околу 60 милиони евра за ангажман на Бразилецот.

Објавено на

часот

Сподели

Изминатиов период често има гласини за трансфер на Рафиња, но денешното издание на Спорт вели дека Барселона нема намера лесно да се откаже од Бразилецот.

„Каталонците“ веќе одбиле еден предлог, клуб од Премиерлигата бил подготвен да одвои околу 60 милиони евра за ангажман на офанзивниот фудбалер, но одговорот бил НЕ.

Весникот додава дека Барселона во моментов е задоволна од партиите на Рафиња, и доколку реши да го стави на продажба, ќе бара најмалку 80 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ