Од втори до шести септември

Второ издание на меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2019“

Под покровителство на Општина Охрид, а во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ од втори до шести септември ќе се одржи второто издание на меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2019“.

Годинава на колонијата ќе учествуваат шест уметници од кои четворица доаѓаат од соседните балкански држави. Во Трпејца заедно со домаќините – уметниците Ѓоко Симјаноски и Свето Стефановски ќе творат и гостите Дражен Конатар од Бјело Поле, Црна Гора, Јовица Костиќ од Ниш, Србија, Ѓорѓи Андонов од Ќустендил, Бугарија и Петрит Лараку од Поградец, Албанија.

Колонија ќе има и едукативен карактер. Едно претпладне уметниците ќе творат заедно со учениците од подрачното училиште „Св. Наум Охридски“ во Трпејца. Учесниците на колонијата ќе сликаат и на отворено, а домаќините ќе им организираат посети на Свети Наум и Охрид.

Летово во рамките на манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца беше организирана изложба од создадените дела на првата колонија одржана минатиот септември, а публиката можеше да ги види делата на Гоце и Владимир Илиески, Свето Стефановски, Ѓоко Симјаноски и Слободан Пупиноски.

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе