Во Загреб нова самостојна изложба на Петра Јовановска

„Патувајќи низ кругот" е насловот на новата самостојна изложба на македонската уметница Петра Јовановска во Загреб.

Изложбата ќе биде отворена на 25 август во Галеријата Курија во Загреб.

Петра Јовановска како авторка веќе долг период го истражува кругот и го вметнува во своите дела. Се сретнува во него, се навраќа кон кругот, ги истажува границите на кругот, патува низ кругот. Сѐ тоа со цел да направи една целина, едно заокружување.

Круг кој има едноставен геометриски облик, но има воедно и јака и голема симболика и функиција за авторката. Во своите дела создава чисти геометриски композиции составени од овој елемент. Понекогаш пак само делумно го вментува кругот во своето творештво. Кругот на некој начин го става во споредна улога, пробувајќи на свој ликовен начин да се отргне од него. Круг како симбол на нешто, што нема ниту почеток, ниту крај, симбол на бесконечност, една целина. Круг и како симбол на внатрешна слобода, сонце, месец. Круг како симбол на вечноста, перфекција, живот, почеток и крај, љубов.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе