Во Виница промоција на стрип албумот „Аегри сомниа“

Во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница, вечерва ќе биде промовиран стрип албумот „Аегри сомниа“ (Ægri Somnia) на докажаните и едни од најактивните стрип автори во државата Дарко Богданов (цртеж) и Александар Стеванов (сценарио).

Станува збор за антологиско збирно издание составено од кратки стрипови, со кое се заокружува досегашната соработка на авторите која е започната во 2012 година, и претставува нивни прв заеднички стрип албум, иако и двајцата автори досега веќе имаат реализирано поголем број стрип публикации.

Насловот на изданието кое во превод значи „сон на болниот човек“, алката која ги поврзува стриповите во албумот е преклопувањето на две димензии.

„Во овие седум кратки приказни се поместуваат границите помеѓу реалноста и сонот, свесното и несвесното, сето тоа претставено на еден по малку надреалистички и симболичен начин, создавајќи една целина“, изјави Дарко Богданов.

Стрип албумот е самостојно издание на авторите и е финансиски поддржан од Министерството за култура како дел од Годишната програма од национален интерес за 2020 година. 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе