Во Тетово се подготвува осмото Меѓународно биенале на мала графика 2018

Во организација на Музејот на тетовскиот крај, на 16-ти март ќе биде отворено осмото Меѓународно биенале на мала графичка форма во Тетово. Темата на графичкото биенале е со наслов „Уметност денес – културно наследство утре“.

Изложбата на биеналето во Тетово ќе опфаќа 300 мали графики изработени од 125 графичари од 33 земји од сите континенти. Повеќето од нив се во класичните графички медиуми: сува игла, акватинта, мецотинта, линорез и линогравура, а неколку автори реализирале дигитален печат.

„...Мотивот на графиките изобилува со суптилни препознатливи форми, фигурации и апстрактни претстави подредени на графичката вештина оплеменета со акценти на боја и прецизни смирени линии. Повеќето од графиките се излеваат од малиот стандардизиран правоаголен формат и со неправилната мала форма повеќето од нив наликуваат на прекрасни експресивни илуминации.

...Новите теории, форми, содржина, дела, инсталации, перформанси, медиумски виртуелни платформи... дилемата хуманизам или бруталност, сето ова треба да се насочи кон публиката како единствен арбитер во процесот на редефинирање и ревалоризација на човековите вредности, а со тоа и на уметничките вредности“, напиша Гордана Велков, историчар на уметноста.

Жирито кое ги селектираше делата за изложбата е во состав: Гордана Велков (историчар на уметност), проф. Славица Јанешлиева Бачварска (ФЛУ), Ивана Настески (м-р по графика), Бурхан Ахмети (м-р по графика) и Велимир Цветановски (виш кустос). Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Т.Д.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе