„Ние како Општина воспоставивме соработка уште пред десетици години наназад со Латвија и навистина ми е драго што ја одржуваме таа соработка. Во наредниот период ќе имаме можност да споделиме искуства за развој на кое било поле. Латвија е една од државите којашто го има изодено патот, а ни го трасира нам како една мала држава којашто треба да се движи кон овие вредности, кон сето она што значи развој и просперитет за посветла иднина на сите идни генерации“, рече Иван Јорданов, градоначалникот на Штип.
Тој посочи дека ваквите настани кои се одржуваат токму во Штип се од големо значење за градот, зашто значат продлабочување на соработката, размена на идеи и знаења.
Настанот се одржа во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров", а беше на иницијатива и во организација на почесниот конзул на Латвија, Зоран Митровски.