Во „Рудиќ галерија“ изложба на фотографии на Филип Лафазановски

Самостојна изложба на младиот и перспективен македонски автор, Филип Лафазановски ќе биде отворена вечер во 20 часот во „Рудиќ Галерија".

На изложбата ќе бидат прикажани 30 фотографии од творештвото на Лафазановски.

Филип Лафазановски е роден во Скопје на 14 јануари 2000 година. Средно образование завршил во Гимназијата „Никола Карев“. Моментално посетува додипломски студии на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕСРА“ во Скопје, насока – Филм и дигитални медиуми. Со фотографија се занимава пет години.

„Неговиот фотографски интерес е насочен кон секојдневни ситуации и моменти на обичниот човек во урбана средина, впечатливо нагласувајќи го стилот на таканаречената улична фотографија (street photography). Во фотографиите најчесто е прикажан односот помеѓу човекот и архитектурата, создавајќи композиција на современиот градски живот“, се наведува за делата на Лафазановски. 

Негови фотографии се објавени во медиуми како: Urban Eye Magazine, 2016; We Street Book, London, 2016; Global Photography Network, 2018, а има оставрено и самостојни изложби во Печ и Сегед, Унгарија.  

Наградуван е на: Фотомедија 2016 (FIAP бронзен медал) и на Деновите на Македонска фотографија за 2016 и 2017 година на кои се закитил со златни медали во младинска конкуренција. Како автор е вклучен во колекцијата на Фото сојузот на Македонија: „Актуелен момент во македонската современа фотографија“, која е прикажана во Чачак, Скопје, Негова (Словенија) и во Ријека. 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе