Во Прилеп почна традиционалната ликовна колонија „Дрен 2019“

Во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ почна 11-та ликовна колонија „Дрен 2019". Дванаесеттина уметници од земјава, до недела ќе ги создаваат своите дела во ликовното ателје на Центарот.

На Колонијата, до недела ќе творат Александар Џинго, Драган Верговски Алпи, Бојана А. Трпческа, Верче Николоска, Марта Макеска, Васил Костов, Тони Чатлески, Атанас Атанасоски, Давид Атанасоски, Дарко Талескi, Методи Исков и Марјан Стојаноски.

Колонијата по едногодишна пауза се реализира со поддршка на Министерството за култура, а делата што ќе бидат создадени ќе бидат дел од наследството на прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков". Центарот има голема колекција на уметнички дела од претходните колонии.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе