Во Музејот на македонската борба изложба „Спомени од Првата светска војна“

Во Музејот на македонската борба денеска напладне ќе биде отворена изложба „Спомени од Првата светска војна" со која музејот се придружува во одбележувањето на 100-те години од крајот на еден од најкрвавите и најдраматичните настани од светската историја.

„Тематската мултимедијална изложба ги опфаќа најзначајните настани, процеси и сведоштва од Големата војна во Македонија. Преку различни видови и форми меморија – документарни материјали, фотографии, лични сведоштва, поткрепени со богат музејски фонд, изложбата ги презентира војничкиот живот, но и животот во време на војна од наша, автентична, перспектива“, соопшти Музејот на македонската борба. 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе