Во МКЦ отварање на изложбата „Загрозен механизам“

Во Младински културен центар вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Загрозен модернизам: архитектонски сценарија за адаптивна (ре)употреба".

Таа е дел од истражувачкиот проект „Загрозен модернизам“ за препознавање, проучување, вреднување и промоција на архитектонското наследство од периодот на модерната на територијата на Република Македонија.

Целта на проектот е да пронајде и собере историски материјал во форма на проектна документација, цртежи, фотографии итн.; да вреднува избрани примери на архитектонското наследство и да ги утврди главните фактори кои довеле до нивно загрозување.

„Основна цел на овие истражувања беше да се тестира цел спектар на архитектонски стратегии (од прагматични до радикални), насочени кон испитување на потенцијалот на градбите за приспособување и промена, како и изнаоѓање нови содржини и облици преку кои постојните градби истовремено би биле и заштитени и ревитализирани. Пошироката јавна дискусија и интерпретација на добиените резултати е замислена да претставува појдовна точка за разговор за можните иднини на овие вредни архитектонски градби“, наведуваат организаторите на изложбата која ќе може да се посети до 24 февруари.

Автори на истражувањето и изложбата се Ана Ивановска Дескова, Горан Мицковски,Елизабета Касапова и Јован Ивановски. Проектот „Загрозен модернизам“ е финасиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,  а изложбата е поддржана и од Младинскиот културен центар.

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе