Во Куманово изложба нa Марина Цветановска-Мартиновска - „Помеѓу празното и празнината“

Во изложбениот салон на Уметничката Галерија во Кумнаово вечер ќе биде отворена самостојната изложба на академскиот уметник Марина Цветановска-Мартиновска. Изложбата е насловена „Помеѓу празното и празнината" и претставува нејзина осма по ред самостојна ликовна реализација.

Ќе бидат изложени просторни и ѕидни инсталации и цртежи изработени во различни материјали и ликовни техники. Изложбата претставува продолжување и тематски континуитет на нејзината претходна ликовна продукција прикажана во Скопје и Њујорк. Изложбата ќе биде отворена и во јануари.

Марина Цветановска Мартиновска од Куманово, дипломирала во 2000 година на педагошки оддел, насока вајарство со сценографија во класата на професор Станко Павлески на ФЛУ- Скопје. Во 2005 завршува постдипломски студии по вајарство на ФЛУ под менторство на професорот Павлески.

Има учествувано и на голем број групни изложби, колонии во земјава и странство. За својата  активност, особено ликвно педагошката, во периодот од 2001 до 2018 година добитник е на преку 150 награди. 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе