Во Кинотека изложба на фотографии на Иван Блажев

Во Галеријата на Кинотеката на Македонија вечер ќе биде поставена  изложба на фотографии „Сето време е сето време“ на фотографот Иван Блажев.

Изложбата претставува заокружување на истоимениот циклус фотографии снимени во Дрезден во 2018 и 2020 година: Првично избор од фотографиите беше прикажан во Скопје на изложбата „Дрезден: време / простор / лица“ како заедничко претставување на Иван Блажев, Александар Кондев и Матијас Шуман во 2019 година, а потоа и во Дрезден во 2020 година. Во 2021 година како самостоен проект во проширена форма беше прикажан во Белград, за сега повторно да се врати во Скопје, во досега најекстензивен изложбен формат придружен и со фото-книга во која сликата и текстот се во фантастична коегзистенција.

Носечката тема на оваа изложба е градот Дрезден, но не само како лични, авторски, фотографски погледи на градот, туку и нивно преиспитување и постојано вкрстување со раскажаното низ текстот и избраните цитати од книгата Кланица 5 на Курт Вонегут. Од изложените фотографии евидентно е дека се работи за специфична стратегија која се обидува да ја погледне целината како едновремено соединување на различни временски слоеви на градот, низ неговите урбани контури.

„На фотографиите се забележуваат замаглени контури на стари неокласични градби над кои се надвиснати кранови, мрачно небо, подгорено од блесок: Наместо сегашност, тие ни отвораат окно кон минатото, остатоци од еден разурнат простор, како живи сведоци на бомбардирањето. Датумот е врежан во мермерна плоча, а авторот се впишува движејќи се низ улиците како сочувство кон страдањата на жртвите. Дали еден град може да преживее и повеќе од една насилна смрт или доградби и третмани за разубавување? И повторно, секогаш да биде и да остане различен, со безброј нови и неоткриени визури и ситуации, извадоци од пропратниот осврт на изложбата насловен „Повторно во Дрезден: 3 години подоцна“, напиша кураторот на изложбата Владимир Јанчевски.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе